Над 50 возила се судрија денеска на автопат во централниот дел на Пенсилванија. Според телевизијата “Фокс њуз”, најмалку три лица загинаа, а уште неколку се повредени.

2111000098

Главната причина за несреќата се снежните наноси и ледени површини. Според Националната метеоролошка служба, температурата на воздухот е намалена до минус 23 степени во некои места. Во Пенсилванија е минус 10 степени. Инцидентот се случил на делницата од автопатот, во близина на градот Фредериксборг. Движењето по автопатот е блокирано и во двете насоки. Точниот број на возила е тешко да се пресмета. Според “Фокс њус”, многу од луѓе се блокирани во своите автомобили. На местото на инцидентот пристигнаа четири хеликоптери со медицински персонал.

Слични содржини