Пентагон: Ирачките сили откорнаа од ИД 800 квадратни километри крај Мосул

од Vladimir Zorba

Со приближувањето на градот се очекува борбите да стануваат поинтензивни

 20161025-fsptuwdzqc
Ирачките сили за безбедност од почетокот на операцијата на 17 октомври по ослободување на Мосул отвкорнаа од терористите на ИД околу 800 квадратни километри, соопштија на брифинг во Пентагон.За нивна проценка, операцијата зела “добар почеток” и се развива според однапред разработениот план. Се свртува внимание дека американските воени советници работат во тесна координација со ирачката страна.

Американските официјални лица признале пред новинарите дека со приближувањето на Мосул борбите ќе стануваат поинтензивни и движењето кон градот најверојатно ќе се забави.

Службен Ирак го отфрли предлогот на Турција да помогне во операцијата.

Слични содржини