Пентагон ќе му понуди опции на Трамп за справување со Северна Кореја

од Vladimir Zorba

Пентагон предупреди дека е подготвен на американскиот претседател Доналд Трамп да му понуди опции за да се справи со Северна Кореја, доколку продолжат провокациите од Пјонгјанг.

– Доколку Северна Кореја не престане со провокативните активности, ќе се погрижиме да обезбедиме опции за претседателот да се справи со Северна Кореја, изјави портпаролот на Пентагон полковник Роберт Менинг.

Пораката од Пентагон доаѓа по денешната изјава на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо, кој го обвини Трамп дека објавил војна на Пјонгјанг и оти тие имаат намера да соборуваат американски бомбардери, каде и да се.

Слични содржини