Пентагон објави информации за програмата за морски борбени роботи

од desk3

Пентагон продолжува работата за развој на т.н. “автономни системи” – беспилотни средства за поддршка на активностите на морнарицата на САД. На 24 август американското интернет-издание USNI News кое припаѓа на поморскиот институт на САД (US Naval Institute), ја приоткри завесата на тајноста над работата во оваа област. Особено беше објавена фотографија на морски борбен робот MK 18 MOD 2 Swordfish за време на тестирање на 4 ноември 2014 година во Оманскиот Залив. Овој робот е наменет за длабоко пребарување на морски мини поставени од противникот.

20160827.oqesexrhrr

Напорите се концентрирани кон постигнување на поголема автономија во управувањето, која ќе го замени далечинскиот управувач со учество на оператори. Далечинскиот управувач преку поставените во меморијата програми треба да отежни пресретнувањето на управувањето од противникот.

Освен тоа, во САД работат над развој на “мултипроцесорски системи” за управување, кои ги обезбедуваат активностите на роботите во т. Н. “Каскадни операции”.

Вградената во меморијата на борбениот робот компјутерска програма ќе му овозможи без врска со операторот самостојно да открива под вода морски мини и да го одредува нивниот тип. Во следната фаза по пријава на овој робот во зоната на откриеното минско поле, тој може без врска со операторот да повикува специјализирани роботи за расчистување на мини.

Слични содржини