Пешак е тешко повреден во сообраќајка во Куманово

од Vladimir Zorba

10-5793-

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи во Куманово вчера во 7.25 часот.

Како што информира од полицијата сообраќајната несреќа се случила во кумановската населба „Тоде Мендол“ на раскрсницата на улиците „Тоде Мендол“, „Есперанто“ и „Романовски пат“ во која учествувале автомобил со кумановски регистарски ознаки „ауди“ управуван од А.К. (1969) и „мазда“ управувана од 35-годишниот Ј.А.

Автомобилот „ауди“ излетал од патот и удрил во 66-годишниот пешак М.С. кој стоел надвор од коловозот. Кумановецот со возило на итна помош префрлен е во кумановската болница каде му се констатирани тешки телесни повреди, а потоа поради сериозноста на повредите пренесен е на една од скопските клиники.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Слични содржини