Пешак од Битола со внатрешно крварење, настрадан во сообраќајка, итно префрлен на Клинички

од desk4

Рано наутро во 6.45 часот на улицата „Прилепска“ во Битола се случила страшна сообраќајка во која има тешко повреден.

Полицијата денеска информира дека 63-годишниот М.В. од Битола, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.П. (65) од Битола.

Во Клиничката болница-Битола на З.П. му е констатирана тешка телесна повреда и тоа внатрешно крварење на мозок, по што е итно препратен во Клинички центар -Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола.

Слични содржини