Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера ги повика САД да бидат повнимателни во оценките за ситуацијата во Украина, пренесоа Газета.ру.

Песков  го коментира повикот кој САД  го упати кон сепаратистите  и Русија во неделата, да се обезбеди работата на ОБСЕ во источна Украина.”Сметаме дека треба да бидат повнимателни во оценките на ситуацијата, уште повеќе во дефинициите за изворот на провокацијата”, рече Песков.

Според него самите набљудувачи на ОБСЕ повеќепати се фиксни дека изворот на провокативните дејствија се вооружените сили на Украина.

“Можеме само по стоти пат да повториме дека Русија во никој случај не е страна во овој конфликт”, рече тој.

На 26 февруари Американскиот Стејт департмент ги повика Русија и сепаратистите да започнат да го почитуваат режимот на прекин на огнот во Донбас и да се обезбеди непречен пристап на набљудувачите на ОБСЕ.

Извор: Руски дневник