Пет илјади полицајци ќе ја обезбедуваат средбата на врвот на ЕУ во Рим

од Vladimir Zorba

 

Пет илјади припадници на безбедносните сили ќе ја гарантираат безбедноста во Рим за време на средбата на врвот на ЕУ на 25 март.

Европските лидери в сабота ќе ја одбележат 60-годишнината од Римскиот договор, кој ги постави основите на заедничка Европа.

Предвидени се зајакнати безбедносни мерки бидејќи в сабота во Рим ќе се одржат протести и на приврзаници и на противници на евроинтеграциите.

Италија ги зајакнува мерките за безбедност и поради вчерашниот напад во Лондон.

Посебниот безбедносен режим во Рим стапува во сила од утре, кога лидерите на земјите членки и раководството на ЕУ ќе бидат на аудиенција кај папата Франциско во Ватикан

Слични содржини