Пет предности на солената вода: Кои се тие?

од Vladimir Zorba

Солената вода има исклучително многу предности за убавината, без разлика дали доаѓа директно од морињата или е приготвена од нас самите.

Токму таа е важен дел во многу козметички процедури и е пожелно да биде непроменлива компонента од домашната грижа за убавината

Од тоа дека ги смирува егземите до тоа што ја прави кожата мека и мазна, предностите се безбројни. Еве некои од нив.

1. Солената вода има многу минерали како магнезиум и калиум, кои помагаат при многу и различни кожни проблеми. Тие ги апсорбираат токсините од телото и кожата, вклучувајќи бактеријата, која предизвикува акни. Солената вода ги зајакнува процесите на заздравување. Магнезиумот не само го ублажува чешањето, но и го спречува развојот на габи и бактерии.

2. Природното својство на солената вода ја намалува влагата и може да помогне при хиперпродукција на себум од кожата, што доведува до маснотија.

3. Може да се користи како вода за уста, бидејќи ги убива бактериите. Помага при чистењето на непцата и отстранува лошиот здив. Освен тоа влијае поволно при усни проблеми како гингивитис и халитоза. Промешајте ја морска сол во топла вода и жабуркајте околу 30 до 60 секунди.

4. Солената вода има и други својства. Минералите во неа помагаат за отворање на порите и подлабоко чистење. Користењето овозможува за навлажнување на производи кои можат да навлезат подлабоко во кожата.

5. Солената вода е природен начин да ги смириме и олесни болката во мускулите.

Слични содржини