Италијанката Андреа Натела никако не можела да се помири со смртта на британската музчика ѕвезда Дејвид Боуви, па решиле да покрене „петиција со која ќе биде побарано од Господ“ да го врати пејачот меѓу живите.боуви

– Писмо до Господ. Кажете НЕ на смртта на Дејвид Боуви, стои во едноставното образложение на „петицијата“ на Натела.

За кусо време петицијата ја потпишале над 800 истомисленици на Натела, а бројката на поддржувачи на нејзината идеја и натаму расте и од Италија се прошири и низ целиот свет.

Натела во изјава за италијанските медиуми вели дека и е јасна бесмисленоста на нејзината иницијатива.

– Од друга страна, таа покажува колку всушност се бесмислени многу петиции, додава Натела, чија омилена песна од Боуви е „Life on Mars“.

Слични содржини