Европската комисија за петиции ја разгледа петицијата за „Луково Поле“ и „Бошков Мост“, која ја потпишаа 100.000 луѓе и заклучи дека таа е прифатлива според нормите на Европскиот Парламент, бидејќи таа материја припаѓа во рамките на активностите на Европската Унија.

Комисијата одлучи да побара од Европска Банка за развој и реконструкција (ЕБРД) да спроведе прелиминарна истрага за сите аспекти на проблемите поврзани со Луково Поле и Бошков Мост. Комисијата за петиции ќе продолжи со разгледувањето кога ќе ги добие потребните информации.

„Ве информираме, сепак дека како кандидат за член во ЕУ, Македонија не е моментално обврзана со законите на ЕУ. Меѓутоа, во контекст на преговорите за пристапување, земјата мора да го усогласи своето законодавство за животна средина со законите на ЕУ“, пишува во писмото потпишано од Сесилија Викстром, претседателка на Европската комисија за петиции, испратено до Емир Алили од Реканскиот крај.

Алили поднесе барање до Европскиот парламент да се оневозможи пренасочувањето на речното корито на реката Радика, чии води треба да бидат целосно искористени за мегапроектот на македонската влада „Луково Поле“.

– Барам Европскиот парламент да ја заштити реката, бидејќи нашиот источен сосед ги крши законите на природата и човештвото кога станува збор за стопанисување со истечните води на Радика – изјави Алили, кој живее во Италија.

Меѓународната унија за зачувување на природата, ИУЦН, собра 100.000 потписи од познати експерти и научници, преку меѓународна електронска петиција, во 2014 година. Со петицијата се бараше Светска Банка и од ЕБОР да се откажат од финансирањето на двата хидроенергетски проекти „Луково Поле“ и „Бошков Мост“ .

Слични содржини