Петмина членови од „Беса“ преминуваат во Движењето за реформи на ДПА

од desk3

Движењето за реформи на ДПА на прес-конференција во партиското седиште во Тетово, соопшти дека неколку членови од движењето „Беса“, преминале во нивната партија.

ferati

– Се работи за четири потпретседатели на подоограноци на Општина Тетово и еден член на претседателството на огранокот на Тетово – изјави Агон Ферати, потпретседател на Движењето за реформи на ДПА.

Ферати се надева дека пред изборите и „Беса“ ќе се приклучи на предизборната коалиција која се формира минатата недела, составена од неговата партија, НДП и Унитети.

– Можеби некој не сака се уште да биде дел нашиот опозиционен блок на албански партии и сака сам да оди на избори. Ние немаме против ваквата одлука. Но, најважно е сите да се обединиме и на избори да ја урнеме оваа власт, која не мисли воопшто за народот. Ние како предизборна коалиција, се уште ќе работиме до последен ден за целосно обединување на албанските опозициони партии – додаде Ферати.

 

МЕТА

Слични содржини