Петмина нападнати на улица Македонија во Скопје

од desk2

Петмина млади скопјани, од кои двајца малолетници, вчера попладне физички нападнале петмина минувачи на улица Македонија во Скопје, извести СВР Скопје.

Случајот во полициската станица Центар го пријавил 24-годишник од Феризај, Косово, кој кажал дека додека се движел по улицата со четиримина пријатели, биле физички нападнати, при што тој добил повреди кои требало да му бидат санирани во болница.

Во полициската станица биле приведени С.Н. (19), А.З. (19), Н.М.(19)  и двајца малолетници на 15 и на 16-годишна возраст, сите од Скопје. По извршениот разговор,  малолетниците се ослободени, додека другите лица се задржани за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, известува скопската полиција.

Слични содржини