Петнаесет лица повредени во судар на два автобуса и две возила во струмичко

од desk2

Петнаесет лица се повредени вчера во сообраќајна несреќа на локалниот пат село Банско – село Муртино во која учествувале два автобуса, теренско моторно возило и автомобил.

Илустрација

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се судриле автобус „Ван Хол“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Б.К. (62) од Радовиш, автобус „Неоплан“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Ј. (59) од с. Градско Балдовци, теренско моторно возило „Опел Комбо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М. (51) од с.Радово и патничко возило „Опел Зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.И. (26) с.Банско.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на теренското возило кој бил пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар во Струмица.

Со телесни повреди се здобил сопатник на патничкото возило и 13 патници на автобусот „Ван Хол“ кои по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица биле пуштени на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Слични содржини