Денеска бојкотот на средношколците влегува во петтата недела,а кампувањето пред МОН во втората. Денеска тие добија поддршка и од родителскиот пленум кој ќе заседава на отворено пред скопската гимназија Јосип Броз Тито.

11179697_1576809709255465_911869064_o
Средношколците остануваат јасни во ставот дека ќе продолжат со бојкотот на наставата, укажувајќи дека на последната средба од преговорите со Министерството не бил постигнат никаков договор.

“Не се откажуваме и покрај рокот од 25 дена. Нашите барање се јасни, нашиот став е јасен, нашата желба за поквалитетно средно образование е неизмерна”-посочија пленумци.

Од Родителскиот пленум посочуваат дека ги поддржуваат средношколците да одат докрај за да им се остварат нивите барања за поквалитетно образование.

„Постојано им прават притисоци на децата и постојано се одржуваат родителски средби и вчера имаше родителска средба, за да им направат притисок и да се потпишат изјавите за матурата, меѓутоа децата стојат цврсто на ставот дека не отстапуваат од барањата. Ние исто така како родители стоиме зад нив“, изјави Габриела Точко од Родителскиот пленум.

Минатата недела вицепремиерот Пешевски по средбата со средношколците изјави дека можен е компромис само оваа година матурата да се полага по стариот концепт, односно во писмена форма, а математика да биде изборен предмет.

 

Фото: Радио МОФ

Слични содржини