Петти триумф на Вардар во СЕХА лигата

од desk4

Бранителот на титулата во СЕХА лигата, македонскиот и европски првак Вардар ја постигна и петтата победа во ова натпреварување откако попладнево на домашен терен го совлада хрватскиот првак Загреб со 30:23 (17:10).

„Вардарци“ со овој триумф го задржаа максималниот учинок.

Гостите равноправен ривал беа до 18. минута кога резултатот последен пат беше изедначен 7:7, а до крајот на првиот дел Вардар напарви серија од 10:3.

Во второто полувреме „црвено-црните“ без поголеми проблеми го задржаа водството.

Најпрецизни кај Вардар беа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров со по 6 голови, голамнот Страхиња Милиќ имаше 17 одбрани. Стипе Мандалиниќ од Загреб со 8 голови беше најефикасен. Вардар по пет одиграни натпревари со максимални 15 бодови и е прв на табелата, додека Загреб со 10 бодови остана на втората позиција од шест натпревари.

Утре во натпревар од 6.коло Металург во Скопје го пречекува тимот на Горење Велење, а дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:45 часот.

Слични содржини