Од први до четврти април во Кинотека на Македонија ќе се одржи петтото издание на „Фил(м)ософски одисеи“, филозофски филмски фестивал во организација на Филозофскиот Филмски Фестивал и Филозофското друштво на Македонија.11026191_360988887428834_210088234813637418_n

Петтото јубилејно издание на Филозофскиот филмски фестивал 2015 ќе започне со Работилница за студенти насловена „Ввремето како филозофска димензија на дилмот“ како своевидна претпрограма на Фестивалот. Работилницата ќе биде подготвена од Стефан Палитов и Тијана Петковска, а ќе се одржи на први април 2015 (среда) во Библиотеката на Институтот за филозофија со почеток од 12:00 часот.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на втори април(четврток) во Кинотеката на Македонија со почеток од 19:00 часот.

На првата официјална фестивалска вечер ќе имаме можност да го погледнеме филмот „МИРНО ЛЕТО“, првата македонска филмска комедија и прв игран филм реализиран од македонски режисер – Димитрие Османли. По филмот ќе следува излагање на проф. д-р Иван Џепароски од Институтот за филозофија на тема „КОМИЧНОТО ВО МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ: МИРНО ЛЕТО“.

Втората официјална фестивалска вечер во петок ќе започне повторно 19:00 часот во Кинотеката на Македонија. Станува збор за проекција на филмот „АНТИХРИСТ“ на Ларс фон Трир. Доц. д-р Ристо Солунчев од Институтот за филозофија ќе ја отвори темата на вечерта „ФОН ТРИР И ПОЕТИКАТА НА РАСПАЃАЊЕТО“ по што ќе следува отворена дискусија со публиката.

Последниот фестивалски ден, во сабота, е резервиран за два посебни настани.
Попладнето во 17:00 часот ќе се одржи МАСТЕР ЧАС СО ИГОР ИВАНОВ ИЗИ во просториите на Кинотеката на Македонија како дел од Придружната програма на Фестивалот. Мастер часот е замислен во вид на интервју со Изи кое ќе го води Тијана Петковска, ќе биде проектиран краткометражниот филм „Бубачки“, а на крајот е планирана Q&Α сесија со публиката.

Последниот настан во рамките на Фестивалот ќе биде проекцијата на култниот филм „РАШОМОН“ на јапонскиот режисер Акира Куросава. Свое излагање ќе има вистинскиот фил(м)ософ доц. д-р Стефан Сидовски. Професорот ќе говори на тема „ПОТРАГАТА ПО ВИСТИНАТА ВО ФИЛМОТ РАШОМОН“. Местото и времето на случување ќе бидат вообичаените: 19:00 часот, Кинотека на Македонија.

Слични содржини