Пијалак со хималајска сол и лимон против мигрена

од Vladimir Zorba

Мигрената е состојба која може да ве извади од ритам за долго време. Таа предизвикува такви болки во главата, какви човек присакува никогаш да не ги чувствува. Не само тоа, туку мигрената може да влијае негативно на сите ваши работни и лични обврски, расположение, секојдневните навики.

Кои се главните симптоми на мигрена:
Главоболка, постојана повеќе од ден-два
вртоглавица
гадење
Зголемена чувствителност на мириси и звуци
Болки во очите и челото
Нагони за повраќање и повраќање

Оние кои страдаат од мигрена доживуваат циклични напади кои се провоцираат од различни околности. Нема прецизен механизам на кој се активира болката при мигрена. Факторите можат да се многу и различни. Меѓу најчестите се:
преработување
напон
стрес
алкохол
недостаток на спиење
проблеми со синусите
алергии
депресија
дефицит на некои минерали
дехидратација

За среќа, постои начин за справување со мигренозни напади , кои може да ги пробате. Тој вклучува природна хималајска сол и лимони. Тие помагаат против болка и грчеви, како и го намалуваат времето на траење на нападите.

Како да си направите пијалак со лимон и хималајска сол против мигрена?
Потребни ви се:
Сокот од 1 лимон
2 лажички хималајска сол
1 чаша вода

Што помага при мигрена?
Измешајте ги сите состојки. Испијте ја смесата одеднаш и грчевите и гадењето треба да започнат да се намалуваат во рамките на следните минути и часови.

Хималајската сол делува како регулатор на влажноста во организмот. Таа предизвикува благо задржување на течностите во телото, што помага за совладување на минералите во неа, како и на витамините од лимоните. Тие имаат влијание при сузбивање на болката и го опуштаат нервниот систем, пишува Natural News.
Оваа комбинација не само што помага при мигрена, но и има својство да го алкализира телото, да ги прикажува токсините од гастроинтестиналниот тракт и кожата, да го стимулира имунолошкиот систем, да го намалува шеќерот во крвта и да го наполни организмот со големо количество минерали и микроелементи.

Слични содржини