policija2-2z1e4axtu06xhoijomxbsw

На 12.02.2016 година околу 21,45 часот во Битола на ул.„Партизанска“, од страна на полициски службеници при вршење работи од областа на безбедноста, Р.Д. (60) од Битола непочитувајќи ја наредбата на полицискиот службеник да се легитимира, во видно алкохолизирана состојба го стартувал неговото возило и со истото го удрил.Осомничениот бил приведен во СВР-Битола извршен е разговор со истиот и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 12.02.2016 година околу 12,20 часот во Скопје на ул.„Антон Попов“ во автобус на ЈСП бр.65, 17 годишен малолетник и неговите двајца другари на возраст од 16 и 17 години физички биле нападнати од страна на повеќе лица кои се возеле во автобусот.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Психолошки, а подоцна и физички напад среде пат врз мајка и двајца синови

На 12.02.2016 година околу 12,00 часот во Тетово на ул.„Фуштанска“, 17-годишен малоленик од Тетово, бил физички нападнат од страна на три непознати лица. Истиот бил префрлен во КЦ-Тетово за укажување на лекарска помош. Се работи на целосно расчитување на случајот.

На 12.02.2016 година околу 18,00 часот во Куманово на ул.„Ѓорче Петров“ била случена сообраќајна незгода во која Б.Т.(36) управувајќи ПМВ„Опел Корса“ со кумановски регистерски ознаки удрила во пешакот В.С. (80) од Куманово. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен и задржан на лекување во МЦ-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 12.02.2016 година околу 19,25 часот на регионалниот пат Јажинце-Тетово, поточно во близина на с.Доброште, случена била сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Волксфаген Шаран“ со скопски регистерски ознаки управувано од И.И. и ПМВ„Опел Корса“ со тетовски регистерски ознаки управувано од А.З.(56). Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот И.И. и двајца сопатници од ПМВ„ Волксваген Шаран“ Д.С. и И.С. кои биле пренесени и задржани на лекување во КЦ-Тетово. Сопатникот на ПМВ„Опел Корса“ Ш.Џ. (60) по укажаната лекарска помош во КЦ-Тетово бил пуштен на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични содржини