Пике: Реал беше супериорен за прв пат откако сум овде

од desk2

Реал Мадрид беше фаворит пред дуелот со барселона во Супекрупот на Шпанија, а сепак малкумина очекуваа кралскиот клуб да дојде до победа против најголемиот ривал така лесно.


Екипата на Зинедин Зидан така веќе освои два трофеја, а за односот на силите на овие два великани зборуваше Жерард Пике.

„Не сме на најдобро ниво кога се работи за екипата и за клубот. Мора да се собереме и да одиме напред заедно. Тоа е долг пат. Откако сум овде, ова е прв пат да чувствувам дека Мадрид е супериорен. Мора да почнеме тоа да го свртиме во наша корист“, вели Пике.

Зидан ја освои седмата титула откако е на клупата на реал Мадрид од пред 20 месеци.

„Имам спектакуларна екипа. Кога ќе промените четири играчи, а динамиката на екипата не се менува, задоволни сме. Не беше само Асенсио одличен, туку целата екипа. Сите имаа верба и знаеја што сакаат“, рече Зидан по натпреварот.

Луис Суарез доби тежок удар во коленото, а Уругваецот денеска ќе биде на детални испитувања.

Слични содржини