Пике заштити соиграч од навивачите на Барса

од Vladimir Zorba

 

Централниот дефанзивец на Барселона Жерар Пике се застапи за својот соиграч Андре Гомеш, кој беше пречекан со свирежи од навивачите на “Камп Ноу” во победата од 4: 2 над Валенсија.

Поранешниот играч на “лилјаците” се појави како замена во второто полувреме и го постигна последниот гол за успехот. Свирките од трибините се слушнаа кога Гомеш го замени Рафиња Алкантара во 74-тата минута. Летното засилување трпи доста критики од почетокот на сезоната, дека тука не покажува зошто бил привлечен во Барселона.

Слични содржини