Совршен рецепт за летните месеци од годината е пилешката супа со тестенини и зеленчук.
Потребни производи:
3 супени лажици зејтин
1,5 л пилешки бујон
500 г пилешко филе
200 г кинески шпагети (нудли)
50 мл сок од лимон
1 супена лажица рибен сос
50 г спанаќ
1 морков
1 главица кромид 2 парчиња целер
5-6 гранчиња свеж коријандер
2 лути пиперки
1 супена лажица сол
2 варени јајца
15 г свеж ѓумбир
Начин на приготвување:
Исечете го кромидот и морковите и испржете ги. После една минута додадете ги целерот и ѓумбирот. Исчистете го пилешкото месо и додадете го кон другите производи. Во супата ставете го солот и црниот пипер. Поклопете и оставете да врије. Штом месото се свари, извадете го од супата и исечете го на помали парченца. Додаде те ги веќе исечените парчиња месо, спанаќот, пиперките, нудлите и рибниот сос. По желба додаде те варено јајце или свеж коријандер.