Извршниот директор на Turkish Airlines Темек Котил,   излезе со предлог за помош на пилотите да не паѓаат во депресија во врска со случајот со Андреас Љубиц , соопштува “Хуриет”.

 

430x272 (1)

Вистинско решение нуди бракот како лек при вакви состојби.

Помошник-пилотот Љубиц , кој се смета дека  страдал од депресија, па се заклучи во пилотската кабина и намерно  го урна авионот  A320 на авиокомпанијата Germanwings минатиот месец . Загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.

Темек Котил изјави дека несреќата со германскиот авион покажува колку е важен “начинот на живот” , кој го водат пилотите.

” Оваа несреќа се случила откако пилотот, кој ја предизвикал, се разделил со неговата девојка. Оттука, пријатели, знаете дека  треба да ги охрабруваме пилотите да склучуваат брак “, истакнал тој.

Тој  исто се пожалил дека бројот на жените пилоти во компанијата останува низок , посочувајќи  го  фактот дека има само три жени меѓу 86 кои  неодамна завршија обука за пилоти.

Во моментов имаме само 40 жени пилоти , ако половина од нашите 4 илјади пилоти се жени, ќе имаме 2 илјади жени … Најмалку 10% од нашите пилоти треба да бидат жени или вкупно 400  . Повикувам сите жени кои  ги исполнуваат  критериумите да станат пилоти, заклучил тој.

Слични содржини