Пинк го бакнала првиот дечко на гробишта

од Vladimir Zorba

Американската пејачка Пинк откри дека бакнала за првпат момче среде гробишта и тоа на петок 13-ти. Оттогаш датумот ѝ е омилен и затоа е одлучила да го издаде својот нов албум “Прекрасна повреда” токму на таа дата во октомври.

Во почетокот на месецот хит пејачката го објави насловот на “Инстаграм” на претстојниот седми студиски албум, кој е продолжение на “The Truth About Love” од 2012 година.

Американската пејачка изјави дека е “неверојатно горда” со својот проект. Ѕвездата, чие вистинско име е Алиша Мур, исто така, рече дека е благодарна за фановите, кои стојат до неа во текот на годините.

Слични содржини