Пинк и Кристина Агилера ги закопаа секирите

од Vladimir Zorba

Војната меѓу Пинк и Кристина Агилера може и да е една од најпознатите во поп музиката, но се чини дека веќе сè е заборавено и двете пејачки изгледа веќе се пријателки. Во соопштението на “Твитер” Пинк откри дека ја сака Кристина. Признанието дојде откако пејачката беше удостоена со престижното признание Video Vanguard Award на музичките награди на MTV.

По тој повод нејзин следбеник објави на социјалната мрежа извадок од видеото за песната “Lady Marmalade”, во која учествуваат двете изведувачка, и напиша дека Пинк е “беквокал” на Кристина.

“Музиката нè собира. Најдоброто кај музиката е дека сите може да заработиме во исто време “, напиша таа во одговор, додавајќи дека ја сака Кристина.

Причина за непријателството меѓу двете поп диви е токму нивната заедничка песна “Lady Marmalade” во која Агилера го пее главниот дел од парчето. Во него учество земаат уште Миа и Лил Ким.

Слични содржини