Пипа Мидлтон: Со мојот сопруг си поминуваме одлично

од Vladimir Zorba

Пипа Мидлтон дефинитивно има прилики за среќа. Свадбата ѝ мина според планот, а таа се потруди за секој детаљ и направи така што на настанот целото внимание ќе биде вперено најмногу во невестата и младоженецот.

Важниот ден беше на 20 мај во грофовијата Беркшир, а потоа Пипа и Џејмс Метјуз се упатија на меден месец во Австралија.

Папараци сепак ги уловија на аеродромот во градот Перт и двајцата венчани не успеаја да избегаат без да дадат некаков одговор за тоа како се чувствуваат.

Насмеаната невеста сподели пред новинарите: “Ние всушност си поминуваме одлично”, пишува OK Magazine.

Фото: OK Magazine

Слични содржини