Пишман или реален аџија. Не гастербајтер во Македонија!?

од Vladimir Zorba

Ретко се јавувам во јавноста, а кога тоа го правaм  тогаш е за инает на душманите. За жал се уште сум жив. Размислувам со своја глава, иако во Македонија има опасна тенденција – забрането е да размислуваш со својот ум, а притоа уште да си новинар – макар и невработен.

65793_1742678968018_3886382_n

Пардон вработен сум. Народски кажано како пиљар. Кревам стока речиси секој ден еве два ипол месеци по 3,5 тона, иако мојот физукус на 50 години ми вели – стоп, кревај рачна. Не си млад да се натпреваруваш со реалноста. Природата си го прави своето, откажуваат раце, откажува силата. Затоа се прашувам дали да дадам отказ или тие набрзо ќе ми дадат црвен картон. Решив-спогодбено да се разделиме. Умот така одлучи, иако во релноста 2+2 велат дека во џебот мораш да имаш 5,5.

Но,…кај мене, а мислам и кај секој друг фамилијарен човек во џебот ја има следнава проста математикa: 2+ 2 се еднакво (=) на – 2. Да некои ќе кажат нема ништо ново… ама во мојата недовршена приказна има ново дејствие. Дојдов на работа како во фабрика – втора смена.

Се пријавив. И, уште не зедов здив, ме викнаа на муабетче. Ќе останеш? Реши да си заминеш!? Но, ние сепак сакаме да бидеш со нас еве ќе редиш портокали, дајкон… ќе бидеш пиљар. Нема да креваш многу тешко само понекогаш ќе им помагаш на младите на рампа, кои за воља на вистинината наместо тегови дигаат реален товар, јаболка, компири, тикви итн. Секој ден најмалку 3,5 тона. Значи имаме нова ситуација. Имаме разлика – нели! Наместо да бидеш амал, ќе бидеш полу(АМАЛ). Добро си реков. Можеби нема да се „скичмам„, иако реално картите се пата-пата. Ми даваат полушанса. На тој начин ќе дојдам до нова математика: 2+2 е еднакво на 2.

Сигурно се прашувате што умувам. Не ве правам будали, туку ви ја објаснувам логиката. Дали да бидам невработен новинар или вработен гастербајтер во Македонија. Се решив за втората солуција да бидам гастербајтер во својата татковина, но на работа кај странец.

Ако земаш 10.000, а притоа однапред даваш за автобуска 1.400 денари, зијанот односно мојот минус во џебот е голем. Ако имаме во месецот 30 дена и притоа ги одземеш 4-те тешко заработени слободни денови, тогаш користејќи ја поезијата на Рацин, роди се роб, роб ќе бидеш за други туѓи имоти. А, за себе, за фамилијата, за детето со посебни потреби остануваат не цели 6.000 денари. За што учев новинарство! Да бидам гастербајтер!?

П.С. Потсетување како станав гастербајтер. Колега новинар, божем големото име перо на новинарството, доаѓа со приказната ќе правимае ова, ќе станеме она. Е… тој новинар со големо педигре-партиска книшка дојде на 14 мај 2013 година да ми каже: Слушај не ти го продолжуваат договорот! Без образложение ниту збор да каже кај т.н. газда или..

Наравоучение: Затоа страдаме ние новинарите, кои умуваме или се уште трезвено размислуваме,со своја глава, а не со партиска книшка. Па не може секој да има партиска книшка и да ја продаде главата, да ја стави на чинивче. Се додека е така, сите ќе станеме гастербајтери во Македонија, за 6.000 денари. Колеги… сепак имам лице и треба да им се извинам на колегите што малку ми оставаат простор да го тренирам мозокот и што за нив ова е нов момент. Благодарам што ме трпите и што ме разбирате зошто сум гастербајтер….
Гласајте за нас гастербајтерите.

Ве љуби гастербајтерот Кокан Стојчев

Слични содржини