Писмо на Ангелов од Ирак: Латас со извршител им се заканува на моите

од Vladimir Zorba
 mkd-288069

Пред неколку дена на сопругата Јасминка телефонски ѝ се јавила Анита Бегова, адвокат на Драган Павлович Латас. Во краткиот разговор, адвокатката на Латас најљубезно ја замолила мојата сопруга итно, на сметката на Латас, да уплати 1.500 евра бидејќи нејзиниот клиент Латас вршел силен притисок. Во спротивно, уште пољубезно и укажала дека следните неколку дена, под притисок на Латас, кај нас дома ќе дошол извршителот Весна Деловска, објави Мкд.мк.

Во своето отворено писмо тој вели:

„Значи следните два-три дена, додека сум јас во Ирак, а жена ми сама дома, ќе дојде извршител со двајца полицајци и пред очите на 7 годишниот Марко и 8 годишната Сара ќе изнесе мебел и разни предмети од кај нас дома. Предметите ќе ги продадат, а пaрите ќе му ги дадат на Латас. Овие 1.500 евра Латас ги бара од мојата сопруга додека јас сум на работа во Ирак бидејќи на права правдина изгубив тужба против него, изгубив тужба која ја покренав јас против него. Го тужев затоа што неколку часа пред да настапи предизборниот молк, во петок попладне на изборите во јуни 2011-та година, на Сител прочитаа и коментираа писмо за кое објавија дека е мое. Содржината на лажното писмо беше полна со навреди и лаги за претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Веднаш по првото прочитаа и второ писмо во кое, пак, сега наводно Љубе мене ме прави лом, навредувајќи ме со секакви погрдни зборови. Лажните писма беа прочитани неколку пати во вестите на Сител без на мене и на Љубе да ни дадат право на демант“, пишува Ангелов

Целото псмо на МКД.мк

Слични содржини