Пит се вознемирил од трогателното интервју на Анџелина

од Vladimir Zorba

Бред Пит се вознемирил од плачливото интервју на Анџелина Џоли за BBC, што таа го даде за време на премиерата на филмот “First They Killed My Father”.

За тоа раскажал негов близок пред HollywoodLife.

“Тој не верува дека во целата оваа драматична приказна Бред може да се нарече жртва. Сè што тој сака е да заврши разводот и да има фер решение за прашањето со старателството над нивните деца “, објаснил изворот.

Пред BBC World News Џоли зборуваше едвај задржувајќи ги солзите. “Не сакам да зборувам многу, освен тоа дека беше многу сложен период. Ние сме семејство и секогаш ќе бидеме, ќе го преживееме ова и се надевам дека ќе станеме уште посилни како семејство. Многу луѓе се наоѓаат во слична ситуација. Јас го фокусирам вниманието врз нашите деца и сакам да го најдам вистинскиот пат. Се надевам дека тоа ќе нè направи посилни и блиски “.

Џоли и нивните шест деца сè уште се наоѓаат во Камбоџа. Таму тие јадеа отровни тарантули и одмораа во текот на премиерата на филмот на Енџи.

Во исто време стана јасно дека актерката се подготвува повторно да влезе во големото кино. Последниот голем проект со нејзино учество кој излезе во 2015 година “Крај морето”, станал пророчки за неа и Пит (тие одиграа сопружници кои се обидуваат да го спасат бракот “.

Според информациите, таа потврдила улога во два големи проекти на Universal. Исто така Анџелина планира да режира екранизација на книгата на италијанскиот писател Алесандро Баричело “Без крв” и да се снима во продолжение на филмот “Maleficent” на Disney.

Слични содржини