Пица ролат

од desk2

Италијанскиот специјалитет во малку поинаков облик – подгответе вкусен пица ролат…

СОСТОЈКИ:

500 гр кори
4 јајца
2 дл јогурт
200 гр гриз
2 дл масло
1 кесичка прашок за печиво
300 гр шунка Пекабеско
300 гр кашкавал
кечап
оригано
сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете јајца, додајте јогурт, гриз, масло и прашок за печиво. Со половина од смесата премачкајте 4 кори, една преку друга, а петтата премачкајте ја со кечап. Изрендајте половина од кашкавалот, половина од шунката и малку оригано. Свиткајте во ролат.
На ист начин направете и друг ролат, само што петтата корта ќе ја премачкате со смеса од јајца, изрендајте ги останатите кашкавал и шунка.
Ролатите од горе премачкајте ги со лажица масло и малку од смесата со јајца. Посипете со сусам и печете на 220 степени.

Слични содржини