Пјонгјанг и се пофали на Москва: Направивме атомски бомби, уште да ја пуштиме

од Vladimir Zorba

Од дипломатското претставништво на Северна Кореја прецизираат дека биле спроведени и последните испитувања

20150812-wiuhxqjext
Северна Кореја веќе е рангирана меѓу нуклеарните сили во светот. Пјонгјанг веќе заврши голем дел од развојот на сопствено нуклеарно оружје. Ова се наведува во соопштението на амбасадата на Северна Кореја во Москва, со што располага “РИА Новости”, пишува Inews.
Од дипломатското претставништво на Пјонгјанг прецизираат дека биле спроведени и последните испитувања, потврдени се карактеристиките, техничките својства и моќноста на нуклеарната боева глава , стандардизирана за стратешките балистички ракети на армијата на Северна Кореја. Во соопштението се истакнува дека спроведените до моментот успешни тестирања дале можност Пјонгјанг да ја апсорбира целосната технологија за производство и употреба на супстанции во потребното количество за одредени цели. И соодветно Северна Кореја ќе може да ги вооружа стратешки ракетни постројки  со нуклеарни боеви глави за уништување на различни цели.

На 9 септември годинава Пјонгјанг соопшти официјално дека имал успешно неколку  нуклеарни обиди. Од Јужна Кореја ја оценија моќноста на резултатите на оваа експлозија на 10 килотони. Спроведените тестирања беа и најголемите во историјата на Северна Кореја.

Од Пјонгјанг сепак немаат намера да престанат со обидите. Во испратената до Москва порака се вели дека земјата ќе продолжи  со развојот на својата нуклеарна програма во врска со растечката закана од страна на САД. Паралелно Пјонгјанг ќе го зголемува нуклеарниот потенцијал во однос на квантитет и квалитет.
Во пораката сепак има уште едно исклучително загрижувачка реченица.

“Сега остана само едно – да јадемонстрираме оваа моќ во вистинска војна”, пишува Пјонгјанг. Се забележува  уште дека продолжувањето на програмата за развој на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја цели таа да го заштити достоинството, правото на постоење и мирот од зголемената американска закана за нуклеарна војна.

Слични содржини