Пјонгјанг пресече: Само еден US проектилот да падне -следува нуклеарна апокалипса!

од Vladimir Zorba

Предупредувањето дојде преку централниот печатен орган на Корејската работничка партија на Пјонгјанг

Армијата на Северна Кореја ќе нанесе  безмилосен нуклеарен удар, ако дури и еден американски проектил  да падне на нејзината територија предупреди  “Нодон синмун”, официоален весник  на Корејската работничка партија, пренесе ТАСС. Во материјалот се нагласува дека одлуката на САД да го  испрати носачот на авиони “Карл Винсон” кон Корејскиот полуостров ја вжештува до крајни граници ситуацијата во регионот. При тоа, “Пјонгјанг нема да ги следи пасивно провокативните дејствија на САД”. “Нотон синмун” предупредува дека “револуционерните вооружени сили на Северна Кореја имаат ефикасни воени средства за воздржување, способни со еден удар се да  претворат во пепел” оној кој изврши агресија врз земјата.

Локално.мк потсетува дека непосредно пред прославата на 15 април на 105-годишнината од раѓањето на основачот на Северна Кореја Ким Ил-сунг, Пацифик командата на американската армија, кон полуостровот испрати  ударна група од бродови, на чело со авиони “Карл Винсен”.

Слични содржини