Советот на јавните обвинители за во среда ја закажа седницата на кој ќе ги разгледува плановите на Специјалната обвинителка Катица Јанева и листата на обвинители кои ги предложи.

 

timthumb
На седницата ќе има само две точки – разгледување на општиот работен, персонален и финансов план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и избор на јавни обвинители предложени во листата на кандидати за јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Според законот за Специјалното обвинителство, следниот понеделник (19 октомври) е последниот рок до кога Владата „е обрзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното обвинителство“ во согласност со општиот работен, персонален и финансов план поднесен до Владата и до Советот на јавни обвинители.
До понеделник и Министерството за правда треба да обезбеди „комплетни просторни услови“ за работа на Специјалното обвинителство.
Инаку, викендов дел од медиумите го објавија работниот план на Катица Јанева, според кој таа бара повеќе од еден милион евра за Специјалното обвинителство за до крајот на оваа година.

Слични содржини