Катица Јанева до Советот на обвинители, Владата и Собранието достави три плана- општиот работен, финансиски и персонален план. Следната недела Советот треба да закаже седница за да ги разгледа, па потоа да се одобри и нејзиниот тим од 14 предложени обвинители.

312875-specijalno-obvinitelstvo-janeva-go-predlozhi-timot-od-13-obviniteli

„ По однос на содржината на плановите ја известуваме јавноста дека плановите се направени врз основа на анализа на досега достапните податоци за предметите, очекувањата за прилив на нови предмети, како и реалните потреби за обезбедување на независност и автономност во работењето на Јавното обвинителство“, се наведува во соопштението на Специјалната обвинителка Јанева, која очекува Советот на обвинители да ги имплементира плановите и да ги избере предложените јавни обвинители.

 

Од Советот, пак, информираат дека откако сите членови поединечно ќе ги разгледаат плановите, ќе биде закажана и седницата на Советот.

 

Јанева до јавноста претстави 14 имиња за тимот, но се одложи согласноста за нејзиниот тим поради немањето работен и финансиски план.

 

Во рок од 18 месеци таа ќе мора да ги заврши истрагите и да подигне обвиненија за дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори, а доколку не го стори тоа, понатаму не ќе може да ги гони. Владата е обврзана да обезбеди соодветни финансиски средства за непречена работа на Јанева, не подоцна од 35 дена по влегувањето на сила на законот.

 

Советот на јавни обвинители во текот на следната недела треба да ја закаже седница на која ќе се разгледуваат трите плана на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Од Советот информираат дека, откако сите членови поединечно ќе ги разгледаат плановите, ќе биде закажана и седницата на Советот.

 

Слични содржини