Prcelite-540x301
Претставници на граѓанскиот сектор од општина Струмица и членки на Платформата „Граѓанска демократија“, остро го осудуваат денешниот настан каде што на прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, граѓанска активистка праша за парцелите на премиерот Никола Груевски и наместо да добие одговор, таа беше вербално и физички нападната од страна на советниците пред медиумите.

Со тоа на дело се докажува недемократскиот капацитет на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и немањето чувство за прашањата кои што ги поставува граѓанскиот сектор од Струмица. Очигледно матрицата по која работи ВМРО-ДПМНЕ не признава различни мислења, ниту пак поставување „незгодни“ прашања.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, од кои некои имаат и високи академски титули, покажуваат и докажуваат по кој знае кој пат дека граѓанскиот сектор и граѓанското здружување за нив е мисловна именка и дека во нивните умови нема место за такво организирање.

Со тоа ние претставниците од платформата за „Граѓанска демократија“ најостро го осудуваме денешното срамно и насилничко однесување и бараме советниците на ВМРО ДПМНЕ јавно да се извинат за искажаните закани и нецивилизирано однесување.

 

Соопштение на Платформата „Граѓанска демократија“:

 

Слични содржини