Playboy ја избра првата трансродова зајачица на месецот

од desk2

Инес Рау е првата трансродова манекенка која е избрана за зајачица на месецот на магазинот Playboy, за ноември.

Инес ја викаат француско-американска бомба. Доби осум страници во магазинот на кој е скудно или воопшто не е облечена.

Во интервјуто вели дека нема време да размислува за трансфобните критичари.

„Ако сакам промена на полот тоа е меѓу мене и моето тело. Можев тоа и да го скријам, но не го направив тоа затоа што ги почитувам луѓето“, вели Рау.

ИМа 26 години, а промената на полот ја почнала кога имала 16 години. Операцијата ја направила набрзо потоа.

Многу е популарна во светот на модата и носеше креации на модните брендови Balmain и Hood by Air, а неодамна сними и видео за Vogue.

„За жал, сметам дека тоа не би требало да биде табу тема. Голотијата ми значи многу откако поминав низ транзиција да дојдам до телото кое го сакам. Голотијата е славје на човечкото битие, било да е женско или машко. Долго живеев не кажувајќи дека сум трансродна личност. Мислев дека никогаш нема да најдам момче и дека ќе ме гледаат како чудак. Тогаш сфатив дека треба да бидам своја“, вели Рау.

За неа тоа што е избрана за зајачица на месецот е најголема награда. Кариерата и е на врвот и редовно патува на релацја Париз-Лос Анџелес.

Во моментот одмара од модата и се посвети на филмот и на книгата што ја пишува.

Новото издание на Playboy ќе биде достапно на 31 октомври.

Слични содржини