Пленковиќ: Хрватска и Словенија се близу до договор за границата

од desk4

– Хрватска и Словенија се многу близу до решение за граничниот спор, независно од впечатокот што постои во јавноста околу ова прашање, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој нагласи дека Хрватска на словенечката страна и го претставила својот предлог за надминување на спорот, кој, според него, би можел да биде „многу добра основа за изнаоѓање конечно решение“.

– Во суштина мислам дека сме многу поблизу до решение отколку што може да се заклучи од вкупниот впечаток во јавноста. Нашите ставови ние и ги појаснивме на словенечката стрна и на сите партнери во ЕУ, изјави Пленковиќ.

Тој нагласи дека во врска со спорот Хрватска се однесува „одговорно и зрело“ и не презема еднострани потези, кои на каков било начин би можеле да ги влошат односите меѓу Загреб и Љубљана.

 

Слични содржини