Пленковиќ: Очекувам извештај за прислушувањето на хрватските функционери

од desk2

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во разговор за HRT вели дека очекува извештај за прислушувањето на хрватските функционери кое го спровела босанско-херцеговската ОСА.

Тој од Њујорк, каде се одржува годишното заседание на Генералното собрание на ОН, порача дека очекува еден „темелен извештај од хрватската безбедносно разузнавачка агенција SOA, на таа тема.“

„Се слушнав со директорот на (SOA, бл.р) и кога ќе се вратам тоа ќе биде една од првите работи за кои сакам да добијам темелни информации. Повторувам, БиХ е држава која со Хрватска е најповрзана од географски аспект до фактот дека Хрватите се конститутивен народ. Седум пати бев во БиХ последните 11 месеци и ќе продолжам со тој интензитет“, рече Пленковиќ.

Потсетуваме, откако пишуваа медиумите во Хрватска, министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ неделава изјави дека ОСА во согласност со законите и Уставот на БиХ, прислушувала одредени функционери од Хрватска со цел заштита на економските интереси на БиХ и нејзините граѓани.

Слични содржини