Студентски пленум  денеска  ќе ги бојкотира  студентските избори. За нив  тие  се нелегални и нелегитимни бидејќи мандатот на ВД раководството на Студентскиот парламент е истечен со години. Пленумците очекуваат решение на алармантните состојби преку ад -хок комисијата  составена од седум сенатори и по двајца претставници на пленумот и парламентот кои треба да  до 15 септември подготват предлог-текст за измени на статутот на УКИМ во делот на студентското организирање.

пленумц

ВД  претседателот на Студентскиот парламент Кирил Спировски вели дека изборната комисија е надлежна за  спроведување на  изборитее кои се организирани според статутот. Досега вели можноста за кандидирање на претставници за нов студентски лидер била отворена за сите студенти.Спировски очекува изборите да поминат во академска и демократска атмосфера, а најави и дека  парламентот ќе предложи конструктивни предлози и решенија до новоформираната  комисијата за излез од моменталната состојба на меѓусебни обвинувања помеѓу студентите.

За Пленумци ова ќе биде лажирање, местенка затоа што најглем број од студентите сега  не се на факултетеите поради летната пауза и самиот избор  нема да одговара на студентскиот туку на партиските гласови на власта, и повторно инволвирање на полтиката и партијата на власт во студентските редови.

Тие упатија проглас за бојкот за денешниот ден 

Зошто бојкотираме?
За да го вратиме највисокото претставничко тело во рацете на студентите!
Овие избори се распишани од студенти кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори.
– Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во скопје и не можат да гласаат.
– На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот.

Како бојкотираме?

Придружетени се на платото на УКИМ заедно да го блокираме влезот до гласачките места.

Зошто се важни овие избори?

Претседателот на СПУКМ е највисокиот претставник на студентите. Тој одлучува кој ќе биде следниот ректор на вашиот универзитет! Тој седи во наставно научен совет! Тој одлучува дали парите на студентите ќе се трошат за студентски журки или студентски домови! Тој ќе биде оној кој кога ќе има студентски протести ќе излезе и ќе им се придружи наместо да ги дискредитира!

Блокирањето на избори не е кривично дело!
Според член 122 став 10 од Крвичниот законик на Р.М.
,,Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на
граѓани во Собранието на Република Македонија и во локалната
самоуправа, за претседател на Република Македонија и изјаснувањето на
граѓаните на референдум.”


Кривичниот законик не ги дефинира изборите за Претседател на СПУКМ во објаснувањата на значењата и изразите на Законикот, што значи блокирањето на истите и повик за спречување на дискриманторските и нелигитимни избори на СПУКМ не претставува кривично дело.

Слични содржини