Со транспарент на кој стои пораката „Автономна зона“, Пленумци денеска на техничките факултети влегуваат од предавална во предавална и ги повикуваат своите колеги студенти да ги поддржат во нивната борба против измените во Законот за високо образование, според кој се предвидува и државниот испит, информира НОВА .

Околу педесетина Пленумци во моментов се наоѓаат на Машинскиот факултет, а дел од студентите кои имаат часови ги напуштаат предавањата и се приклучуваат на акцијата.

За оние студенти кои остануваат на предавањата, Пленумци велат, дека тие не ја разбираат важноста на студентското делување кое прерасна во Студентски пленум.

Во однос на утрешната најава за окупација на факултетите, дали ќе се кампува или не, Пленумци велат дополнително ќе се договорат на состанок, но остануваат на тоа дека бојкот ќе се спроведе и на комплексот „Св. Кирил и Методиј“.

Извор и фото: НОВА

Слични содржини