Пломп: Општина Гевгелија успешно се справи со мигрантската криза

од Vladimir Zorba

 

Амбасадорот на Холандија во Македонија Ваутер Пломп на денешната средба со градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов рече дека општината успешно се справила со сите предизвици од мигрантската криза.timthumb-15

– Сакам да ви оддадам признание за начинот на кој се справувавте со бегалската криза, поточно како една мала општина се најде на патот на мигрантскиот поход и успеа на време и успешно да се справи со сите предизвици, изјави Пломп

Градоначалникот Франгов го информирал Пломп за сите предизвици и проблеми што ги донесе бегалската криза како и за активнотите што ги презеде општина Гевгелија за канализирање на транзитот на мигрантите, функционирањето на ПТЦ „Винојуг“ и моментната состојба која е оценета како мирна и стабилна во поглед на обидите за нелегално преминување на границата кои во изминатово деноноќие воопшто не се регистрирани. Сепак, нагласи Франгов, неизвесноста продолжува и налага целосна подготвеност поради можноста од нов бегалски бран.

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп се интересирал за локалниот економски развој  посебно за потенцијалите на општина Гевгелија поради можните инвестиции од холандски компании, посочувајќи ја неодамна најавената инвестиција од фирмата за земјоделско производство „Ино фрут“.

Притоа градоначалникот Франгов ги претстави можностите за инвестирање во земјоделството, преработувачката индустрија и туризмот, како и погодностите што ги обезбедува општина Гевгелија

Слични содржини