По 170 години Белгија ја укинува службата за испраќање на телеграми

од desk2

По 171 година откако е пратена првата телеграма од Брисел до Антверпен, белгиската служба за испраќање на телеграми наскоро ќе престане со работа.

Службата ќе престане со работа на 29 декември и според белгиските власти,тоа што оваа технологија од 19 век, и понатаму се користи во добата на Инстаграм и Снепчет може да биде необично, особено откако Велика Британија, земја каде се измислени телеграмите во 1830 година, ги згасна уште во 1982 година.

Од 2006 година, и САД ја укинааа оваа служба, па дури и Индија, која долго време беше најголем светски пазар за телеграми, тоа го направија во 2013 година.

Системот на телеграми функционираше така што купувачот телефонски му се јавува на операторот и му ја диктира пораката, а тој потоа ја испраќа пораката.

Меѓутоа, цената од 23,75 евра за телеграма од 20 зборови плус 0,90 центи за испорака во и околу Брисел, зборува за тоа дека системот се бори за опстанок во ерата на неограничени пораки и ефтини тарифи на мобилните телефони.

Пред откритието на телефоните, телеграмите беа прв систем кој овозможи брза трансмисија на електронски пораки на голема далечина.

Слични содржини