По Бред и Анџелина: Се разведува и Џенифер Анистон?

од desk3

Нема како да се изненадите дека по веста за разводот на Бранџелина, таблоидите веднаш почнаа да ја разведуваат и поранешната сопруга на Бред Пит, Џенифер Анистон.

Списание In Touch се појави со корица, на која пишува дека познатата актерка се разведува со Џастин Теру, со кого се венчаа пред само една година, бидејќи го фатила дека одржува премногу блиски контакти со неговата поранешна девојка Хехди Бивајнс.

1474703754-aniss

Веднаш следуваше одговор на портпаролите на Анистон, во кој се вели дека сторијата е апсолутно фабрикувани и такво нешто нема.

Џастин Теру, кој неодамна го замени работата зад камерите со актерска професија и наскоро ќе го претстави филмот The Girl On The Train ( “Девојката од возот”), пак објави на Инстаграм остра видео порака

Во позадината на гледачи кои набљудуваат истрелување во воздухот ракета тој пишува: “That’s A WRAP. The Leftovers. Season 3. RIP.”, Што во буквален превод значи: Ова е пакување. Остатоците. Сезона 3. Почивај во мир.

Слични содржини