По бурна и тензична расправија, Џафери закажа саботно продолжение на собраниската седница

од Vladimir Zorba

Нешто по 22 часот, вчера претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 6-тата седница, на која се расправа за разрешување на Jавниот обвинител Марко Зврлевски, и го закажа следното нејзино продолжение за денеска во 12 часот.

И во ова продолжение имаше тензичната атмосфера, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата и вообичаено бараа пауза, по што уследија долгите полемики и убедување меѓу Талат Џафери и Илија Димовски, како и со останатите пратеници од опозицијата
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како и во текот на целиот ден, велеа дека предлогот за разрешување на Зврлевски е политички реваншизам на Заев, бараа да се зборува за пожарите, за Законот за јазиците, за Стратегијата за бегалците, како и за задолжувањето на земјата. Тие ја обвинија власта на СДСМ дека ја води земјата кон катастрофа и уништување и повеќепати порачаа дека за 70 и нешто денови, власта ја задолжила земјата многу повеќе отколку било претходна власт во ист или многу подолг период.

Инаку, вчера во собраниската сала страстите се вжештија некаде по 19 часот, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата и спореа со претседателот на Собранието, при што се надвикуваа и правеа метеж.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ја извлече картичката на претседателот на Собранието, па што тој го повика обезбедување, а речиси сите присутни пратеници од опозициската партија беа насобрани околу говорницата.

По некое време ситуацијата се смири и претседателот Талат Џафери го повика обезбедувањето да излезе од салата, по што и пратениците се вратија на своите места.
Потоа уследи нова расправа и докажување меѓу Илија Димовски и Талат Џафери, во која Димовски го вмеша и координаторот на пратеничката група на СДСМ Петре Шилегов, кој не беше присутен, велејќи дека и Шилегов му кажал дека не може да се разбере со Џафери.
Џафери пак кажа и дека се во салата се случува според истиот правилник за редот и дисциплината во Собранието кој бил на сила и на 24 декември 2012 година.

Слични содржини