По државјанството, можно е Албанија да побара екстрадиција на Харадинај

од Vladimir Zorba

Откако вчера албанскиот претседател,Бујар Нишани, одобри државјанство за лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, не се отфрла можноста Албанија да побара негова екстрадиција од француските власти.

Според професорот по меѓународно право, Исмет Салиху, врз основа на тоа што Харадинај сега е нејзин државјанин,Албанија може да побара негова екстрадиција.

– Во случај кога две-три држави бараат едно лице за исто дело, тогаш предност има државата чиј државјанин е тоа лице.Доколку дојде до тоа Албанија има право да побара екстрадиција,-изјавил Салиху за радио Косово.

На тој начин, според професорот, Србија нема никакви изгледи да го екстрадира Харадинај.

– Можностите за екстрадиција на Харадинај во Србија се еднакви на нула,бидејќи во согласност со меѓународните конвенции,главна пречка е доколку таа држава не гарантира фер судење,односно не обезбеди непристрасно судење, вели Салиху.

Од друга страна потпретседателот на партијата Алијаса за иднината на Косово,Ахмет Исуфи,очекува судот да донесе конечна, ослободителна пресуда, со која Харадинај ќе се врати во Косово.

Рамуш Харадинај моментно е во Франција,без право да ја напушти земјата.

Судот во Колмар во четврток треба да одлучи дали ќе биде ослободен или екстрадран.

Поранешниот косовски премиер, беше уапсен,на 4 јануари годинава,врз основа на меѓународна потерница издадена од српските власти поради обвинение дека во текот на војната на Косово извршил воени злосторства./АлсатМ

Слични содржини