По инфарктната средба во Брисел, на која беше постигната согласност за воведување мерки со кои ќе биде спасена Грција, грчкиот премиер Алексис Ципрас се врати директно во Атина. Тој свика итен состанок на министрите, на кој ќе биде разгледано како да биде убеден парламентот да гласа “за” реформите, соопштува “Катимерини” .За два дена Ципрас треба да го убеди парламентот за потребата од 7 тешки чекори, кои беа сметани досега за неприфатливи. Критичното гласање ќе биде во среда. Ципрас ќе се обиде да ја добие поддршката на сопствената партија СИРИЗА, како и на коалициските партнери.

20150713.xeivripwsw

Според различни аналитичари, сепак сосема е можно СИРИЗА да се подели или да ја повлече целосно довербата од Ципрас. Тоа практично значи предвремени избори.

За да помогнат во напорите на Ципрас да ја задржи својата партија цела, заедно со него на средбата присуствуваат новиот министер за финансии Евклид Цакалотос и претседателот на парламентарната група на СИРИЗА Никос Филис.

Гласањето на СИРИЗА не може да се предвиди. Левата платформа на партијата, предводена од министерот за енергетика Лафазанис предвид дека договорот е понижување за Грција. Има закажано чобраќање, со кое ќе ги повикува Грците на демонстрации низ целата земја.

Се води кон влада на национален спасение или експерти. Според аналитичарите, оставка на кабинетот е најлошата опција, бидејќи е потребна силна политичка волја за да се одржат реформите.

Во меѓувреме грчката криза продолжува да раѓа нови изрази. По “грекзит” – “Grexit”, формирано од зборовите Грција (“Greece”) и “излез” (“exit”), светските медиуми веќе ставија во употреба нов термин – “агрикмент”, со кој да се илустрира историскиот договор со Грција ( “aGreekment” – од “agreement”, “договор”).

Слични содржини