Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека СДСМ се откажала од активна регистрација на гласачите за прочистување на Избирачниот список.
– Партијата која беше најголем поборник за активна регистрација како метод за прочистување на Избирачкиот список, што е оспорен од некои партии, денеска се повлече од тоа барање. Тоа го менува текот на самите разговори и веројатно ќе треба да се изнајде некој нов концепт, во кој што опозициските партии би биле сигурни дека ќе ја зголеми нивната доверба во Избирачкиот список. Ние како владеачка партија сме подготвени она што опозициските партии ќе го усогласат и побараат, да го поддржиме и да го прифатиме бидејќи немаме што да криеме – рече Милошоски.

pratenicite_zaedno_vo_klubot

Оваа изјава на Милошоски ја негираше Дамјан Манчевски од СДСМ, кој рече дека не се откажале ниту од активната регистрација ниту од проверката на Избирачкиот список.

– Апсолутно не, како што не се откажуваме ниту од целосната теренска проверка на избирачкиот список. Било која од овие две варијанти за нас сметаме дека може да му даде доволно кредибилност на изборниот процес односно, да создаде доверба на граѓаните, пред сé на граѓаните, коишто имаат изгубено доверба во институциите на системот и во самиот изборен процес, за да не ни се случат повторно вакви извештаи од страна на ОБСЕ, ОДИХР из а да енма потреба од нови извештаи на Прибе и нови негативни коментари и препораки од страна на ЕК – рече Манчевски.

Запрашан за тоа дали време да се спроведе теренска проверка на целото гласачко тело, Манчевски рече:

– Апсолутно. Само ако го земеме примерот на статистичката операција на попис, што нема никаква врска со проверката на избирачкиот список, и ги земеме бројките со коишто во Македонија со 8 илјади тима на терен, попис се спроведува за 20 дена. А, пописот е многу покомплицирана статистичка операција отколку проверка на избирачкиот список. Знаете, таму се бараат дополнителни информации за образование, националност, покуќнина, сé што луѓето имаат. Овде само се врши проверка на валидитетот на личните карти, на исправите коишто ги поседуваат граѓаните во изборниот процес. Така да, сметаме дека со многу помалку технички и човечки ресурси, за релативно кратко време може да се спроведе една ваква операција – рече Манчевски.

Слични содржини