Владата со ребалансот на Буџетот за оваа година, за 400 милиони денари го скрати буџетот на Државната изборна комисија, што го покрена прашањето дали оваа година воопшто се планираат избори.

На почетокот на годинава, кога пратениците го усвоија Буџетот, за ДИК имаше предвидено над 531 милион денари, а со ребалансот, за кој пратениците ќе треба да гласаат идната недела во Собранието, оваа сума се скратува за 400 милиони денари и на ДИК и останува буџет од речиси 104 милиони денари.

346635-dik-kje-pravi-proverki-na-podatoci-48326

Ако се погледнат претходни изборни години, оваа година ДИК има речиси најмал буџет.

Во 2013 година кога се одржаа локални избори буџетот на ДИК бил над 196 милиони денари, а толку останал и по ребалансот.

Во 2014 година кога се одржаа претседателски и предвремени парламентарни избори, буџетот на ДИК изнесувал речиси 303 милиони денари, а со ребалансот се зголемил на речиси 304 милиони денари.

Единствена Русија и партии од Балканот потпишаа декларација за формирање воено неутрална територија

Зошто е намален буџетот на Државната изборна комисија прашавме во министерството за финансии, но засега не добивме одговор.

Од опозициската партија СДСМ најавија дека денеска на прес-конференција ќе ги кажат нивните ставови за намалувањето на буџетот на ДИК.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, на прашањето дали намалувањето на буџетот на ДИК значи дека ќе нема избори оваа година, за одговор не упатија во владата, бидејќи таа имала образложение, а ставот на партијата ќе го кажат во текот на денот.
“Кратењето на буџетот на ДИК е затоа што засега нема предвидено дата за одржување на избори”, велат од министерството за финансии по информациите дека со ребалансот на Буџетот парите со кои располага Државната изборна комисија се намалуваат за 400 милиони денари.

Од над 531 милион денари на почетокот на годината, сега ДИК останува со буџет од речиси 104 милиони денари.

– Кога се правеше и усвојуваше Буџетот за 2016 година во Изборниот законик имаше дата за избори. Сега нема, и средствата се реалоцирани, но ако се закажат изборите по трет пат годинава средства повторно ќе се обезбедат – одговорија од министерството на прашањето на „Мета“ за причината за огромното кастрење на средства за ДИК.

 

МЕТА

Слични содржини