По масакрот во Тексас, САД ќе ја ажурираат листата на луѓе кои не смеат да купат оружје

од Vladimir Zorba

  Американскиот јавен обвинител Џеф Сешнс нареди да бидат ажурирани податоците во базата од која се утврдува кои лица не смеат да купат огнено оружје.

Одлуката доаѓа по масакрот во црква во градчето Садерленд Спрингс во Тексас, кога лица кое било избркано од американското Воено воздухопловство поради насилство сепак успеало да купи огнено оружје. Одлуката на армијата требало да биде внесена во базата на податоци со што би се спречила продажбата на оружје.

Според американските закони, лица кои се осудени за посериозни кривични дела и за семејно насилство, потоа лица кои имаат психолошки проблеми и зависности или биле избркани од армијата на САД, не смеат да купат оружје.

Но, овие списоци на податоци некогаш не се ажурирани, што се покажа фатално во случајот во Тексас. Убиецот во Тексас бил гонет за семејно насилство, бил пациент во психијатриска клиника и избркан од армијата, што значи дека неговото име требало да биде во базата на податоци по повеќе основи.

– Нападот во Садерленд Спрингс покажа дека неопходни податоци отсуствуваат од базата. Тоа е неприфатливо, изјави Сешнс. Во нападот беа убиени 26 лица, меѓу кои и деца, а 20 беа ранети./МИА

Слични содржини