По митингот во Солун утре е Давос, а кои се кочничарите на решението за името?

од Vladimir Zorba

   Митингот во Солун заврши .Утре е средбата во Давос. Преговорите за името и  натаму монета за поткусурување за партиски политички профит, а не за евроинтеграции на Македонија и покрај сите заложби на владите во Атина и Скопје.

И денеска коментри кој стои зад неделниот  голем  митинг во Солун, каде наводно се бранеше терминот „Македонија“. Изолриран случај но таму бече запаалено и македонско знаме.Имаше и контра митинг, но гласност доби тоа дека МАкедонија не треба да биде дел од новото име на северниот сосед. Официјално Ципрас и неговата влада тоа веќе го апсолвираа, тие се бават со опсегот за употреба- ерга омнес. Сепак  реакциите пред утрешната средба во Давос не стивнуваат на двете страни.

Грчките медиуми  за солунскиот митинг напишаа дека ова е прв поголем собир откако двете земји се согласиле да ги интензивираат преговорите за решавање на 25 – годишниот спор, но многу помал од митингот во 1992 година.

Се изјаснија и двете најголеми грчки партии. Од Нова демократија упатија критики и обвинувања до владата, а од СИРИЗА посочија дека мнозинството граѓани сакаат решение далеку од иредентизмот и национализмот.

Сепак , и покрај начелно граѓанснико организации и здруженија, на чело со свештени лица се дознава дека за „спонтаноста“ на митингот во Солун здушно помогнала и се организирала опозициската Нова Демократија. Информации од Солун тврдат дека автобусите со кои биле носени граѓаните од цела Грција ги платиле луѓе и спонзори на опозициската партија Нова демократија, всушност ,контрашите на Алескис Ципрас. Тие всушност сакаат да извлечат партиски поени против Сириза, а дури потоа им се од суштинко значење  содржините на решенијата за надминување на разликите околу името Македонија.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, пак, преку соопштение во врска со митингот во Солуна оцени дека, за жал, се уште се случуваат изолирани инциденти како протестот во Солун, предизвикани од поединци и групи кои се уште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност.

Писмено се огласи и митрополитот повардарски на МПЦ Агатангел, оценувајќи го протестот во Солун за „антиевангелие“, алудирајќи на грчкото свештенство. – Ако Христовата порака е втемелена врз радоста и љубовта, тогаш она што се организираше по улиците на Солун и останатите грчки градови од страна на грчкото свештенство е се само не Евангелието и неговите основни постулати, наведе Агатангел.

Во однос на преговорите, аналитичарите и медиумите во Грција оценуваат дека главен проблем и во двете земји ќе биде да се обезбеди внатрешна политичка поддршка. Во Грција е неизвесно дали ќе има заедничка позиција меѓу владините коалициски партнери и дали Ципрас ќе обезбеди поширока парламентарна поддршка. Очигледно по оваа организација дека Нова Демократија ќе се обиде да извлече партиски профит за уривање од власта на владеачката Сириза на Ципрас.

Во Скопје, пак, Заев се соочува со позициите на претседателот Ѓорге Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и тесното парламентарно мнозинство. Ако се земе предвид дека десетгодишното владеење на ВМРО ДПМНЕ и политиките на Никола Груевски , артикулирани и преку столчето на претседателот Иванов, стилот е само да се зборува за еврооатлански интеграции, а никогаш да не се влезе ,и да се пљачкосува народот, тогаш извесно е дека ќе продолжи пропагандата „Не го даваме името “ читај не го даваме криминалот. Тие така ќе го уриваат Зоран Заев за да направат атмосфера за враќање на власт.

Во тој амбиент сите ќе се кријат за референдум  на народот за да ја избегнат сопствената и партискта одговорност како политички елити да сносат одговорност за иднината на државата.

Давос е следното приближување

Како што објави „Вима“, на средбата Ципрас – Заев во Давос се очекува да биде разгледан пакетот на Нимиц, а не е исклучено двајвата премиери на 24 јануари да излезат и со заедничко соопштение дека е направен прогрес во решавањето на прашањето за името и оти процесот ќе се води на највисоко политичко ниво.

На средбата Заев – Ципрас во Давос, како што информира портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, се очекува да се направи напредок во насока на изнаоѓање едно заемно прифатливо решение. На редовниот брифинг со новинарите, Ѕанакопилос кажа дека сите прашања поврзани со разговорите за името и иредентизмот ќе се најдат на агендата разговори меѓу македонскиот и грчкиот премиер во среда во Давос.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас синоќа во Брисел изјави дека разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме и оти е потребно дополнително да се разработат одредени прашања за да се зборува за конкретен временски рок за решение. – Блиску сме до одредени прашања за решение. Мислам дека одредени теми за кои ќе се разговара во среда на 24 јануари во Давос, ќе покажат каде се движиме, истакна Коѕијас.

Владата на Република Македонија потврди дека работи на анализа и консултации за предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решение на прашањето за  името. –  Ќе вложиме напори за што е можно по инклузивен процес со вклученост на сите релевантни политички фактори во земјава кои се во насока на градење заеднички приод, став и стратегија, соопштија од македонската Влада.

Слични содржини